Герсон Родригес не се појави на тренингот на Вардар

946

Бил најдобар, голгетер, фудбалер со високи дострели и минато во добри клубови. Но, Герсон Родригес ја отпеа последната песна во Вардар и неговата авантура во Скопје завршува брзо и неславно.

Фудбалерот од Луксембург направи нов скандал за време на карантинот на екипата во Охрид каде си повикал женско друштво по што беше исклучен од тимот, исфрлен од екипата и од трибините го следеше поразот на Вардар од Струга во неделата.

По средбата, фудбалерот не се качи со фудбалерите во автобусот за пат кон Скопје. Не е луд да се вози со автобус кога со себе си има автомобил, плус женско друштво со себе. Дека тука е крајот на многу фалениот фудбалер на Миленко Неделковски кажува и информацијата од утринава. Герсон Родригес не се појави на тренингот на ФК Вардар АД. Навјеројатно е извадена веќе картата во еден правец…

Во текот на денот стана јасно и тоа дека Дарко Велковски прави трансфер во Бахраин, но за брзо треба да бидат познати и други побитни одлуки во таборот на првакот околу менаџментот и новиот тренер на екипата.

Додека нема радикални мерки ќе нема и крај на тензиите во клубот кои се кренати до максимум!

ПретходноФабијани се збогуваше со Вардар: Заминувам со мирна совест!
СледноГо платија само 8,5 милиони евра а дури вчера сфатија каков “ѕвер“ имаат во нападот!(ВИДЕО)