Македонија со комбиниран тим на Медитеранските игри

291

Ракометната федерација на Македонија ќе има свој претставник на претстојните Медитерански игри, кои ќе се одржат во Италија во периодот од 20 август до 3 септември. Македонија ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20.

Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз можен рок, со репрезентативки кои во овој период беа на располагање и слободни од клупските обврски. Настапот на Медитеранските игри ќе претставува дополнителна можност за нашите млади ракометарки да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се натпреваруваат со селекции од други земји и да го продолжат својот репрезентативен развој.

ПретходноНов бисер во шпанскиот фудбал: 15-годишник вчера дебитираше во Ла Лига, го надмина и Јамал!(ФОТО)
СледноТрансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…