Екипата на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во домашни услови во салата Јане Сандански и официјално ги стартуваше подготовките за слендата натпреварувачка сезона.
Тоа секако значи само едно, а тоа е атак на највисок пласман во сите три конкуренции. Суперлига, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Титулата во домашниот шампионат, нормално е приоритет, а не смее да се заборави ниту АБА 2 натпреварувањето.
Тренерот Васко Атанасов го одржа првиот тренинг со сите кошаркари кои во моментов ги има на располагање, во работна атмосфера достојна за најдоминантниот македонски клуб во последните петнаесетина години.










