Албанија!
Анес Меличи (20), како што пренесува “Инфоспорт“ може лесно да се случи да игра за А-репрезентацијата на Албанија. Младиот дефанзивец, кој е стандарден во Шкендија и во младинската селекција на Македонија до 21.година имал понуда од Фудбалската федерација на Албанија да игра за А-селекцијата на таа земја.
Иако дека момчето кое е родено во Скопје, а ја мина школата на Шкендија игра редовно во младинските селекции на Македонија, сепак нема настап за најдобрата наша репрезентација, па тоа секако дека е олеснителна околност за ФФА, да заигра за тамошната селекција.
Секако дека ако ова е навуистина така, сега на потег е самиот Меличи.
Дали и натаму ќе игра за Македонија, или сепак ќе направи “трансфер“ и ќе игра за Албанија.
Дали Македонија ќе загуби уште еден млад и талентиран фудбалер?










