Некои луѓе се луѓе во вистинска смисла на зборот. Некои луѓе и натаму ги истакнуваат вистинските вредности во овој свет во кој владее од се по малку само ретко и човечност.
А Вања Драгоевиќ, покажа со еден неверојатен гест дека е голем човек.
Зборуваме за Вања Драгоевиќ. И за неговото, би рекле, извонредно внимание и убави манири. За домашното воспитување. Не помина ниту еден месец откако го напушти Партизан. Во дресот на неговиот нов клуб, Глазгов Ренџерс, тој веќе има четири настапи, вчерашниот ќе се памети додека е жив, но не ги заборавил своите луѓе.
Имено, Вања испратил пликоа со пари во нив до вработените во Партизан кои работат во СЦ „Телеоптик“, како знак на благодарност за сè низ што поминале заедно додека тој растел во фудбалот и стигнал до капитенската лента во својот сакан клуб. Не тренери, не играчи, туку луѓе кои, можеби дури и малку пежоративно, би можеле да се наречат „помошен персонал“ во клубот: готвачи, економисти, носачи, вработени во физиотерапевтскиот блок… Вкупно има 25 лица на таа листа.
И тоа не е сè, младинската школа на Партизан ќе добие контингент топки, подарок од новиот фудбалер на Глазгов Ренџерс со број 22 на грбот.










