Македонските екипи стартуваат со натпреварите во рамките на регионалната лига. Вардар е првиот тим кој ќе ја отвори дебитанската сезона во ова натпреварување. Актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Војводина, меч кој се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17:30 часот.
Причината поради која „црвено-црните“ наместо во Скопје ќе играат во Охрид е учеството на новиот меѓународен турнир, чиј домаќин е токму езерскиот град.
Екеспедицијата на Вардар после завршување на струшкиот турнир каде во финалето беше поразена од ГРК Охрид не се врати во главниот град, продолжи во Охрид.










