Дома Ракомет Домашно првенство Марин Крстевски е ново засилување на Еурофарм Пелистер 2

Марин Крстевски е ново засилување на Еурофарм Пелистер 2

44

Вториот тим на Еурофарм Пелистер доби ново засилување. Станува збор за младинскиот репрезентативец, Марин Крстевски.

Средниот бек во редовите на битолскиот тим доаѓа од Мулти Есенс. Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски.

Марин Крстевски беше кадетски и јуниорски репрезентативец на Македонија и настапи на Европското првенство М20 што летово се играше во Романија. Тој беше еден од најистакнатите ракометари во „црвено-жолтиот“ дрес.

ПретходноСабаленка откри како Ѓоковиќ ја убедил за мешани двојки: Ме молеше…
СледноПофалби од ФИБА Европа за Македонија: Успешна организација на Европското првенство