Ракометната федерација на Македонија домаќин на египетските репрезентации

29
ФОТО:.facebook.com/rfmofficial

Ракометната федерација на Македонија изминатиот викенд беше домаќин на две репрезентативни селекции од Египет – сениорската Б селекција и репрезентацијата до 20 години, кои престојуваат во Македонија во рамки на своите подготовки. За време на престојот, египетските селекции одиграа пријателски натпревари со македонски клубови. Сениорската Б селекција одигра контролен натпревар против РК Алкалоид, додека репрезентацијата до 20 години одигра два натпревари против РК Мулти Есенс, а денес ќе се сретне и со ГРК Тиквеш. По завршувањето на натпреварите во Скопје, египетската селекција ќе го продолжи својот престој во Македонија со учество на меѓународниот ракометен турнир во Охрид.

Посетата претставува уште еден чекор во зајакнувањето на односите и продлабочувањето на соработката меѓу Ракометната федерација на Македонија и Египетската ракометна федерација, со цел размена на искуства, развој на ракометот и создавање можности за идни заеднички активности.

ПретходноШкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!
Следно30 години Плазма Спортски игри за млади: Македонија за првпат на големото финале во Сплит