КК Соколи 1933 се засили со Костоски и Александровски!(ФОТО)

127
ФОТО: КК Соколи 1933/ФБ

Прво Јован Александровски, а потоа и Александар Костоски и официјално вечерва се претставени како нови играчи на КК Соколи.

Поранешниот македонски репрезентативец – Александар Костоски се чини дека е вистинско ново засилување!

Искусен плејмејкер кој носи лидерство, победнички менталитет и врвен преглед на играта.

На Евробаскет 2015 беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени на пет натпревари, а во богатата кариера настапувал во Македонија, Франција и Романија.

Искусниот македонски бек, Јован Александровски, пристигнува да донесе енергија, борбеност и квалитет на двете страни од теренот.

Досега има настапувано за Работнички, Чаир 2030 и Струмица. Препознатлив е по својата енергија, борбеност и способност да придонесе на двете страни од теренот.

ПретходноВака се делат премии во Албанија: Влета во соблекувалната со вреќа пари, а потоа…(ВИДЕО)
СледноГРК Охрид со победа против У-20 Египет!