ГРК Охрид со победа против У-20 Египет!

72
ФОТО:facebook.com/hcohrid?locale=mk_MK

ГРК Охрид со победа тргна во одбрана трофејот на турнирот “Крсто Андоновски Охрид 2026“. Вечерва во својата сала “Билјанини Извори“, тимот на стратегот Борис Ројевиќ славеше против У-20 селекцијата на Египет со 31:27. Очекувана победа, може да се каже и рутинска, но сепак само тренерот Ројевич знае дали ги „чуваше“ силите на својот тим против младите египетски ракометари или пак допрва треба да се подига формата.

Охрид во текот на целиот меч имаше водство, на пауза се замина со три гола. Во неколку наврати имаше шанса и за +6, но противникот наоѓаше начин да не му дозволи на домашниот состав да дојде до поголема разлика. Интересно Египет знаеше да дојде и до само -1, но сепак квалитетот на ГРК Охрид кога беше најпотребно излегуваше на виделина.

Најефикасен со 7 голови беше Кеита, кој беше прогласен и за МВП на средбата, Лиапис беше стрелец на 6, Блажески имаше пет одбрани.

ПретходноКК Соколи 1933 се засили со Костоски и Александровски!(ФОТО)
СледноКК Работнички го промовираше Тарик Брунчевиќ!(ФОТО)