Мина суспензијата од Купот, Шкендија следното коло ќе игра пред публика

154

Екипата на Шкендија од Тетово објави дека следното коло, четврто по ред во новиот ПМФЛ шампионат, ќе го одигра пред публика. Поточно, мина суспензијата која што Шкендија ја доби по инцидентите од минатогодишното финале во Купот на Македонија.

Па така, сега тетовци, повторно на комплексот Петар Милошевски во Скопје, и повторно во вечерен термин од 19:00 часот, но овојпат со присуство на публика ќе ја пречекаат екипата на Струга Трим Лум.

Во соопштението на клубот се вели дека поради одличните услови кои што ги нуди комплексот Петар Милошевски, а и можноста да се играат вечерни мечеви, Шкендија ќе остане и ова коло во Скопје.

Инаку, поради градежните работи на стадионот во Тетово, Шкендија како свој домашен терен за сезонава го пријави стадионот во Гостивар првенствено.

ПретходноЗдравко Чолиќ го „истера“ Пелистер во Кавадарци
СледноВиктор Треневски е нов тренер на Бежанија