Готово е: Арсенал се засилува со Конса, Џонс во Интер!

159
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Уште еден репрезентативец на Англија во следната сезона ќе игра во Интер. По Соунс и Спенс, во градот на модата пристигнува и Кертис Џонс, инаку досегашен член на Ливерпул. Малку е чудно како “црвените“ не успеаја да го заржат Џонс, но сега е веќе готово.

Од друга страна Арсенал и натаму се засилува. Иако има екстра тим, Микел Артета успеа да го договори репрезентативниот дефанзивец на Англија и сега веќе досегашен член на Астон Вила, Езра Конса. Неговиот трансфер изнесува околу 50 милиони евра.

Секако дека со Конса одбраната на Арсенал и тоа како ќе има опција повеќе. Во случак да успее да ги донесе Осимен или Алварез, вака на прв поглед тимот на Артета и тоа како ќе биде посилен од минатата сезона кога по пауза од две децении ја врати титулата во Премиерлигата и играше во финалето во ЛШ.

ПретходноМладиот Стефан Ристовски и Фати Исмали се новите имиња во Башкими!(ФОТО)
СледноРК Вардар: На гостувањето кај Мелсунген за фановите на “црвено – црните“ обезбеден е посебен блок!