Младиот Стефан Ристовски и Фати Исмали се новите имиња во Башкими!(ФОТО)

91

Откако на стартот на новата сезона во ПМФЛ, тимот на Башкими на сите три меча беше убедливо поразен, денеска раководството на клубот објави дека успеало да се засили со две нови имиња.

Првото е младиот Стефан Ристовски кој доаѓа од таборот на Детинит. Ристовски е напаѓач и има одлична сезона зад себе.

Фати Исмали е искусен дефанзивец, кој во минатото бил дел од екипите на Шкупи, Гостивар, Работнички, а играл и во шампионатот на Косово во неколку екипи.

ПретходноДарко Додев стрелец за Алтаи во Купот на Казахстан!(ВИДЕО)
СледноГотово е: Арсенал се засилува со Конса, Џонс во Интер!