Иако не успеа да го однесе својот Алтаи во финалето на Купот на Казахстан, сепак нашиот Дарко Додев одигра одличен меч против Ордабаси во реваншот од 1/2 финалето на кој постигна и гол уште во 3.минута за 1:0. Сепак до крајот на средбата гостите славеа со 1:2 и со вкупни 2:5 се пласираа во финалето.
Колку за потсетување, Додев кој ова лето направи трансфер од Силекс во Казахстан, на последните три меча за Алтаи има еден гол и две асистенции.










