Дарко Додев стрелец за Алтаи во Купот на Казахстан!(ВИДЕО)

155

Иако не успеа да го однесе својот Алтаи во финалето на Купот на Казахстан, сепак нашиот Дарко Додев одигра одличен меч против Ордабаси во реваншот од 1/2 финалето на кој постигна и гол уште во 3.минута за 1:0. Сепак до крајот на средбата гостите славеа со 1:2 и со вкупни 2:5 се пласираа во финалето.

Колку за потсетување, Додев кој ова лето направи трансфер од Силекс во Казахстан, на последните три меча за Алтаи има еден гол и две асистенции.

ПретходноАстон Вила се пофали со Руџери и Сузуки
СледноМладиот Стефан Ристовски и Фати Исмали се новите имиња во Башкими!(ФОТО)