Успешна “генералка“ за РК Пелистер пред дуелот со тимот на Раул!

120

Вечерва во Битола, во пријателски натпревар, РК Пелистер со убедливи 39:17 успеа да го победи составот на Пелистер 2. Овој меч е традиционален, се игра пред сртартот на секоја сезона, па така беше и оваа сезона.

Ова значи дека составот на Лино Червар имаше успешна “генералка“ во пресрет на првиот официјален меч кој се игра во недела во рамките на регионалната лига и тоа против Партизан.

Тоа ќе биде деби и за легендарниот хрватски стратег на клупата на битолчани и тоа против Раул Гонзалез, некогашен стратег на Вардар со кој ја освои ЛШ во 2017 година.

Интересно и двајцата некогаш беа селектори на А-репрезентацијата на Македонија.

ПретходноОфицијално: Рејндерс од Сити со трансфер во С.Арабија!
СледноГРК Охрид покажа сила против Војводина