Македонската кошаркарска репрезентација на крајот на овој месец го стартува последниот претквалификациски циклус кој ќе одлучи кој ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година.
Прв противник во оваа битка е селекцијата на Австрија, мечот се игра на 30 август во Виена, а македонската фаланга од овој град ги повика сите наши иселеници да дојдат и да ги поддржат кошаркарите. Врпочем овие фанови постојано се организираат кога станува збор за сите национални тимови, секогаш се во служба на спортот и на Македонија.
Деталите околу начинот на купување билети можете да ги прочитате на следниот линк.










