Саша Огненовски некогашниот репрезентативец на Австралија и познат интернационалец, инаку Македонец по потекло, е новиот шеф на стручниот штаб на тимот на Мекартур Булс. Тој досега беше прв асистент на Престон Лајонс, кој важи за македонски клуб во Австралија.
Ова за Огненовски е прв поголем тренерски предизвик во кариерата.
Тој за Австралија има 22 настапи а играл и во клубови во Ј.Кореја.
Интересно е тоа што Огненовски доаѓа на местото на Миле Стерјовски, исто така Македонец, кој е исто така некогашен познат интернационалец и репрезентативец на Австралија, а беше и прв тренер на Мекартур Булс од 2023 до 2026 година.










