Австрија една измена во составот пред пресметката со Македонија

56

Австрија направи промена во ростерот во пресрет на августовскиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029, а оваа промена е особено значајна и од аспект на натпреварот со Македонија во Виена.

Селекторот Арамис Наглич го повика Ерик Диц на местото на Даниел Кепел, кој сè уште не е целосно закрепнат од терапијата со матични клетки на левото колено и нема да биде во составот за претстојните натпревари.

Диц ќе биде дел од австрискиот состав за гостувањето кај Кипар на 27 август, но и за директниот дуел со Македонија на 30 август во Виена, кој ќе се игра од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“.

Токму овој натпревар има особено значење за двете селекции, па промената во австрискиот ростер доаѓа непосредно пред еден од клучните натпревари во оваа фаза од претквалификациите. Австријците на домашен терен ќе сакаат со комплетно подготвен состав да стигнат до важна победа против Македонија.

За Ерик Диц ова ќе биде втор настап за сениорската репрезентација на Австрија. Кошаркарот од Салцбург дебитираше на почетокот на јули и тогаш одигра два натпревари за националниот тим.

Австрија – Македонија, 30 август, 16:05 часот, „Спорт Арена Виена“ – дуел кој ќе биде во фокусот уште од самиот почеток на августовскиот циклус.

ПретходноВо Битола ракометот е повеќе од спорт: Фанови во голем број дојдоа на пријателски меч (ВИДЕО)
СледноВан Дајк: Минатата сезона беше неприфатлива, имаме шанса за враќање