Огненовски на местото на Стерјовски: Македонска смена на тренери во Австралија! (ФОТО)

106
ФОТО:.facebook.com/macarthurfc/

Саша Огненовски некогашниот репрезентативец на Австралија и познат интернационалец, инаку Македонец по потекло, е новиот шеф на стручниот штаб на тимот на Мекартур Булс. Тој досега беше прв асистент на Престон Лајонс, кој важи за македонски клуб во Австралија.

Ова за Огненовски е прв поголем тренерски предизвик во кариерата.

Тој за Австралија има 22 настапи а играл и во клубови во Ј.Кореја.

Интересно е тоа што Огненовски доаѓа на местото на Миле Стерјовски, исто така Македонец, кој е исто така некогашен познат интернационалец и репрезентативец на Австралија, а беше и прв тренер на Мекартур Булс од 2023 до 2026 година.

ПретходноПод водство на тренерот Спасев: КК Пелистер ги стартуваше подготовките!(ФОТО)
СледноМихаил Стојанов е новото име во КК Кожув!(ФОТО)