Женските одбојкарски прволигашки екипи и натаму продолжуваат со ангажман на нови засилувања за следната сезона. Уште по едно ново странско засилување вчера претставија екипите на Младост УГД и Пелистер Волеј.
Штипјанки се засилија со Невена Видојевиќ, искусен примач, која во Младост УГД доаѓа од Србија. Во својата досегашна кариера Видојевиќ има одиграно голем број важни натпревари и има освоено првенства, титули и медали.
Во Битола, пак пристигна Азра Мујезиновиќ, родена 2010 година, која досега настапуваше во екипата на Еџаџибаши. Таа игра на позиција примач, а претходно играла и на позицијата среден блокер. Таа е стандардна првотимка во младинските погоди на турскиот тим, а сега во Пелистер Волеј ќе се обиде да ја добие својата сениорска минутажа.










