Младата македонска женска репрезентација е поразена на првиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто. Нашите ракометарки добро го почнаа мечот, но слабата игра во второто полувреме ги чинеше пораз од Грција (25-31).
Македонија првото полувреме го заврши со позитива од 14-11, вакавата игра најавуваше дека може да се надева на победа, но следеше полувреме за заборав, во кое противникот постигна 20 голови.
Најефикасна беше капитенот Леона Миленкоска која постигна 10 голови. По три имаа Тодоровска и Ристовска.










