Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, и следнава сезона ќе остане на Апенините.
Денеска 26-годишен офанзивен играч ги потпиша документите за позајмица во екипата на Аталанта.
Тимот од Бергамо се договори со германски Лајпциг за позајмица со опција за целосен откуп на крајот на сезоната. Предложениот договор за играчот е со важност до 2031 година и се состои од почетен едногодишен рок со опција за уште четири години.










