Кузманов: Играчите се најзаслужни за победата, благодарност до фановите!

90

Брегалница синоќа пред своите фанови ја забележа и втората победа во сезоната во елитната лига. Втор меч како домаќин и втора победа. Беше совладан Башкими со 3:0, а четата на стратегот Никола Кузманов покажа дека не се шегува, напротив. Штипските “сини“ играат добар, борбен, дисциплиниран фудбал, а за тоа своја заслуга има секако и тренерот Кузманов кој по мечот истакна:

Најголемата заслуга за победата ја имаат фудбалерите! Упатувам огромна благодарност до нашите навивачи ‘Фаланга’ и ‘Ултра Банда’ и до сите љубители на фудбалот во Штип“ истакна Кузманов кој не го криеше своето задоволство од победата на својот тим.

Секако дека по победата, по традиција следуваше и победничкото селфи од Штип.

Претходно„Чест ми е што го носам дресот на Македонија“
СледноВМФЛ: Дербито се игра во Кавадарци, Пелистер сака победа против Брера