ВМФЛ: Дербито се игра во Кавадарци, Пелистер сака победа против Брера

70
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Денеска на програмата се пет мечеви од 2.коло во новата сезоната во ВМФЛ. Секако дека дербито е меѓу Пелистер и Брера, дуел кој од познати причини се игра во Кавадарци а не во Битола и тоа поради теренот во „градот на конзулите“. По сензационалното реми со Камјани на стартот, секако дека Пелистер сака победа, ама Брера е сериозен тим со свои амбиции.

Интересно ќе биде и во Новаци, каде домашниот тим ја пречекува Беласица, додека Шкупи гостува во Гевгелија. Во скопското дерби се среќаваат Еуромилк и Македонија ЃП, а Камјани на свој терен го пречекува Осогово.

Два натпревари се одложени за 24 септември, Детонит – Охрид и Тетекс -Работнички поради настап на У-20 селекцијата на Медитеранските игри,

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (16.30 Ч)

Камењане: Камјани – Осогово

Новаци: Новаци – Беласица

Гевгелија: Кожув – Шкупи

Скопје: Еуромилк – Македонија ЃП

Кавадарци: Пелистер – Брера

24.09.2026

Детонит – Охрид

Тетекс – Работнички

ПретходноКузманов: Играчите се најзаслужни за победата, благодарност до фановите!
СледноМакедонското џудо со ново признание!