ПМФЛ: Арсими победнички на Чаир!

114

Шкендија (А) – Арсими 0:2 попладнево на Чаир во меч од 4.коло во нашаат елитна лига. Со двата гола на Лорик Каба Јакупи во второто полувреме, тимот од Чегране дојде до победа, втора сезонава и втора во низа.

Интересен меч на Чаир, со многу шанси и со два гола, и двата во мрежата на домашниот тим.

Иако под невозможни временски услови, +40 степени Целзиусови на Чаир во Скопје, првото полувреме беше интересно. Домашните имаа свои шанси, ама сепак гостите од Чегране имаа две големи шанси преку капитенот Рамадани.

Истите не беа искористиени, па така на одмор се замина со тие почетни 0:0.

По само неколу минути во продожение од мечот, Мехмед опасно се закани по гостинскиот гол, ама Силјановски со одлична парада успеа да го спаси својот гол. Во 55.минута за малку Личиниа, отстранувајќи една опасност по домашниот гол ќе ги израдуваше гостите, со автогол. Ама домашниот голман имаше среќа.

Десет минути подоцна Каба шутира, ама сега Столевски покажува дека е класа голман. На другата страна Мехмед повторно се закани, нио шутираше преку голот на гостите.

И тогаш гол, ама за гостите. Се играше 81.минута кога Каба убаво се снајде пред домашниот гол и шутираше максимално прецизно за 0:1, за голема радост на гостите.

И тоа не беше се од Лорик Каба Јакупи, кој во 90.минута се најде сам пред домашниот голман и умешно го матираше Столевски за 0:2, за победа на Арсими.

ПретходноПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас
СледноВМФЛ: На Пелистер не му оди и во Втора лига, “Лавови“ низ Лисиче!