Струга ТЛ се засили со дефанзивецот Едисон Кола!(ФОТО)

120

Струга ТЛ се пофали со ново име и тоа Едисон Кола (25), кој игра во дефанзивата. Станува збор за квалитетен стопер роден на Крит, но покрај грчкото државјанство има и албански пасош. Играл за клубови од Грција и Кипар, а последен клуб му бил Тирана каде играл две сезони и имал 36 настапи за еден од најдобрите клубови во Албанија.

Кола би требало да ја зголеми конкуренцијата во дефанзивата, секако откако ќе се адаптира во тимот на Бледи Шкемби треба да биде и еден од оние кои ќе ја носат играта на Струга ТЛ.

Со последните неколку засилувања во изминатите денови, Струга ТЛ и дефинитивно покажува дека има големи амбиции во оваа сезона.

ПретходноКуманово потпиша американски плејмејкер
СледноМладите ракометарки поразени од Грција на првиот меч во Таранто