Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас само еден ден откако го потпиша договорот за позајмица во Аталанта, веќе вечерва дебитираше во дресот на тимот од Бергамо. Елмас почна од клупата, но доби повеќе од 10 минути во завршницата од мечот за да го почувствува својот нов тим.
Аталанта на крајот го совлада Сасуоло со 2:1 за првите три бода во новата сезона. Распадори и Црногорецот Крстовиќ ги постигнаа головите за домашните, додека за Сасуоло погоди Одентал.
Со големо нетрпение се чекаше и првиот настап на Милан. „Росонерите“ вечерва гостуваа во Торино и на крајот успеаја да слават со 1:2. Милан одигра одлично второ полувреме во кое со головите на Сисе и Рабио дојдоа до 0:2. Торино до крајот само успеа да намали на 1:2 со голот на Адамс во 92. минута.










