Ерлинг Халанд ги изненади навивачите со голема промена на својот имиџ пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата – напаѓачот на Манчестер Сити одлучи да ја скрати косата.
Норвежанецот ја направи долгата руса коса еден од своите заштитени знаци во последните години, особено откако пристигна во Манчестер Сити, но реши целосно да го промени својот изглед пред новата сезона.
Халанд сега избра многу кратка фризура, што донекаде потсетува на неговото време во Борусија Дортмунд, кога беше еден од најголемите таленти во европскиот фудбал и се пробиваше кон самиот врв.
Норвешкиот голгетер веруваше дека ова е вистинскиот начин да влезе во новата сезона, па се збогува со фризурата што го направи препознатлив низ целиот свет.
Халанд ќе може да го претстави својот нов изглед на теренот уште оваа недела, кога Манчестер Сити ќе игра против Борнмут во првото коло од Премиер лигата во 15 часот.
Останува да се види дали промената на фризурата ќе донесе дополнителна среќа пред голот – иако на Халанд дефинитивно не му беше потребна во претходните години.
View this post on Instagram










