Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе доминираат во европскиот фудбал.
Гостите рано поведоа преку Рафиња во 14-тата минута со гол од пенал, а до крајот на првото полувреме Адејеми го постигна својот дебитантски погодок за каталонците во 48-та минута. Второто полувреме беше само формалност, но фудбалерите на Барса уште повеќе го наполнија голот на немоќниот Елче. Рафиња стрелаше вторпат во 67-та минута, а Фермин ја бетонираше победата со два гола во 71-та и 79-тата минута.










