Гром од ведро небо! Шкендија му врачи отказ на Цуцули

821

По речиси пет години на функцијата спортски директор на клубот, Адријан Цуцили си заминува од Шкендија. Клубот од Тетово како што дознава СпортСпорт му врачил отказ на човекот кој е задолжен за спортската „политика“ во екипата.

Оваа вест одекна како „гром од ведро небo“ во фудбалските кулоари во земјава. Адријан Цуцули важеше за добар познавач на приликите но и за човек кој добро ја менаџираше екипата. Сепак по една сезона во која е загубена титулата и настап на евро-сцената по кој не е постигнат ланскиот успех (групна фаза Конференциска лига), лесно е да се најдат алиби од лицата кои од „канцеларија“ го водат клубот и да му се даде „црвен картон“ на вредниот работник.

СпортСпорт дознава дека Цуцили веќе се поздравил со фудбалерите и со администрацијата во клубот. Утре ќе го следи дуелот на Шкендија со Струга Т.Љ кој се игра на теренот на ФФМ во Скопје а потоа заминува од екипата од Тетово.

Во наредните денови ќе се знае кој ќе биде наследникот на Адријан Цуцули на на позицијата спортски директор во клубот. Битно другите лица на раководните позиции во Шкендија никој не ги мрда иако кај навивачите токму тие се на тапет.

Претходно„Невозможно е да се каже со 100% сигурност дека Алкараз ќе го освои УС Опен“
СледноАвстрија убедливо поразена на контролата со Унгарија