Каква изненадувачка промена: Халанд ти ли си?

84
ФОТО:facebook.com/mancity

Ерлинг Халанд ги изненади навивачите со голема промена на својот имиџ пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата – напаѓачот на Манчестер Сити одлучи да ја скрати косата.

Норвежанецот ја направи долгата руса коса еден од своите заштитени знаци во последните години, особено откако пристигна во Манчестер Сити, но реши целосно да го промени својот изглед пред новата сезона.

Халанд сега избра многу кратка фризура, што донекаде потсетува на неговото време во Борусија Дортмунд, кога беше еден од најголемите таленти во европскиот фудбал и се пробиваше кон самиот врв.

Норвешкиот голгетер веруваше дека ова е вистинскиот начин да влезе во новата сезона, па се збогува со фризурата што го направи препознатлив низ целиот свет.

Халанд ќе може да го претстави својот нов изглед на теренот уште оваа недела, кога Манчестер Сити ќе игра против Борнмут во првото коло од Премиер лигата во 15 часот.

Останува да се види дали промената на фризурата ќе донесе дополнителна среќа пред голот – иако на Халанд дефинитивно не му беше потребна во претходните години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling)

ПретходноТрагична вест: 25-годишен фудбалер почина откако се струполи на теренот
СледноЈошко Гвардиол херој на Сити – постигна гол во последните секунди!