Неверојатен, фантастичен гол и тоа во Чемпионшип кој секако дека ќе конкурира за гол на годината и тоа на мечот Бирмингем – Бристол. Се играше 85.минута а резултатот беше 1:1, а тогаш гостинскиот фудбалер Том Балард ја затресе мрежата со удар со петтица. Домашните беа во шок а гостите во еуфорија, и поради водството, но и порада начинот на кој Балард ја затресе домашната мрежа.
Навистина неверојатно е што направи фудбалерот на Бристол. Сепак и тоа не беше доволно за победа, Бирмингем во самиот финиш израмни на 2:2.










