Актуелниот шампион Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Холандија. Возачот на Мекларен до победата стигна пред двоецот на Мерцедес, Кими Антонели и Џорџ Расел.
По нив следуваа двајцата возачи на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во топ 10 се најдоа уште и: Пјастри, Лосон, Хулкенберг, Алонсо и Гасли.
За постетување Макс Верстапен имаше голем инцидент на патеката Зандворт, откако изгуби контрола врз својот болид и заврши во заштитната ограда на патеката. Болидот беше цел во парчиња, на голема среќа Холанѓанецот помина без никакви повреди.
LANDO NORRIS WINS THE DUTCH GRAND PRIX!!! 🏆🥳#F1 #DutchGP pic.twitter.com/18IOiOs2oh
— Formula 1 (@F1) August 23, 2026










