ПМФЛ: Шкендија во дербито ја победи Струга ТЛ за “четири од четири“(ВИДЕО)

173

Шкендија – Струга ТЛ 2:1 е исходот од дербито на 4.коло во ПМФЛ, меч кој се одигра вечерва на ФФМ во Скопје, последен од ова коло. Со оваа победа Шкендија остана максимална, сега тетовци имаат “четири од четири“. Струга ТЛ треба да жали, стружани можеа најмалку до бод, но пораз им нанесе нивниот некогашен член, Бесарт Ибраими кој гол од пенал во 85.минута донесе триумф на Шкендија, а прв пораз на стружани сезонава.

No description available.

Инаку ова беше негов 229 гол во кариерата во ПМФЛ.

Убаво дерби на ФФМ под светлоста на рефлекторите, посебно во второто полувреме кога Струга ТЛ одигра одлично, успеа преку Малески од пенал во 58.минута да израмни на 1:1.Имаше шанси и за бод, па и за победа, но сепак не успеа.No description available.

Шкендија во првиот дел беше подобра имаше и водство од 1:0 со голот на Ндзенгуе во 29.минута.


ПретходноДимитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство
СледноЃорческа поразена во 1.квалификациско коло за УС Опен