Вардар – Силекс 1:1 по првото полувреме од мечот од 4.коло кој се игра попладнево на Арената во Скопје. Домашните поведоа со голот на Данев уште во 3.минута по асистенцијата на Спахиу, додека кратовци со голот на Анѓелески во 37.минута израмнија на 1:1.
Добара, отворена игра од двете страни со по неколку шанси за гол. Вардарци преку Спахиу ја погодија пречката на Џеков, истиот играч имаше уште една шанса. Силекс преку Шеро во 44.минута можеше да поведе, ама Талески со супер одбрана спречи водство на гостите. Претходно Шеро имаше зицер, во шанса беше и Хасукиќ. Од ова произлегува дека Силекс треба да жали што на одмор не отиде со водство.















