Почна тренерската клиника во Скопје

140

Првиот работен ден од задолжителната тренерска клиника во Скопје е во тек, а програмата досега донесе квалитетни предавања и практични демонстрации пред околу 200 тренери од Македонија и странство.

Своите знаења и искуства досега ги споделија Светислав Пешиќ и Хозе Мариа Берокал, со теми посветени на дефанзивната и офанзивната транзиција.
Во попладневниот дел од програмата следуваат уште две предавања. Саша Грујиќ ќе говори за развојот на тимската игра во младинската кошарка, додека Светислав Пешиќ ќе ја заокружи денешната програма со предавање посветено на позициската одбрана.
ПретходноЦело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ
СледноГаштаров по брилијантниот настап во дресот на Ц. Звезда: Среќен сум, ја чекав оваа шанса