Шкендија со два спортски директори на местото на Цуцули

1060

Фестим Адеми и Еркан Селими ќе ја имаат функцијата спортски директори во ФК Шкендија. СпортСпорт вчера ексклузивно ја најави смената на Адријан Цуцули со што се отвори простор за рокади во менаџирањето на клубот и смирување на “тензиите” кои се појавија во клубот по загубената титула од Вардар.

Но, промените не носат ништо ново… Фестим Адеми со години е дел од менаџментот на Шкендија, а Селими исто така има работено со тренерскиот ешалон. ИНтересно е тоа дали Селими ќе му остане помошник на Гоце Седлоски во националниот тим. Некако нема логика спортски директор на бренд како Шкендија да биде помошник тренер!? Ќе има ли рокади во националниот тим или се е дозволено и може истовремено да се вршат повеќе функции.

Ваљдрим Ука е назначен за технички директор на Шкендија, личност од доверба кај семејството Дестани.

ПретходноИГРАЈ ОДГОВОРНО: ДВЛМ со национална мрежа за поддршка и превенција
СледноПМФЛ: Шампионот против силниот Силекс ќе ги “лечи раните“!