Август или кој било друг месец во Битола не менува ништо: „Боро Чурлевски“ повторно „крцаше“

152
Фото: Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер вчера го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона. Актуелниот македонски вицепрвак на домашен терен го пречека Партизан во првиот меч од Регионалната лига. Битолчани во дебито на Лино Червар славеа со 35-31.

Дека овој град живее за спортот потврда стигна и вчера. Трибините во салата „Боро Чурлевски“ беа речиси исполнети, а од таборот на клубот им се заблагодарија. Овој факт на полна сала добива поголема тежина особено ако се земе во предвид дека е месец август и дека голем дел од фановите се уште се по одмори.


Публиката беше наградена со фантастична партија од капитенот, Филип Кузмановски кој постигна 15 голови.

ПретходноВане Крстевски пред дербито со Струга ТЛ: Максимално сме мотивирани, сакаме победа!
СледноИ Боби Николов не игра денеска со Силекс