Изненадувачки: РК Пелистер се раздели со Мехмедовиќ!(ФОТО)

172
ФОТО:facebook.com/hceurofarmpelister

Изненадувачки во секој случај. Откако на 25 мај го промовираше како големо засилување, вечерва преку своите социјални мрежи, раководството на РК Пелистер потврди дека се разделило со Омер Мехмедовиќ.

Во објавата нема никакво објаснување за овој потег освен дека клубот му се заблагодарува на неговиот ангажман во овој период.

Ракометарот од БиХ ги мина подготивките со останатите ракометари на РК Пелистер под водство на Лино Червар,но сепак нема да заигра во новата сезона во дресот на битолчани.

ПретходноОфицијално: Дарко Велковски во Ал – Калдија!
СледноФФМ: На мечот Шкендија – Струга ТЛ имаше ВАР интервенција и правилна судиска проценка во клучни моменти