Официјално: Дарко Велковски во Ал – Калдија!

61

Она што “СпортСпорт“ пред неколку дена го најави, од денеска е и официјално.Имено довчерашниот вардарец и актуелен репрезентативец на Македонија својата кариера ја продолжува во Бахреин и тоа во Ал – Калдија, клуб кој се пофали со своето засилување.

Велковски е во нов интернационален предизвик, ако се знае дека досега во својата кариера има настапувано и за екипите на Риека (Хрватска), Ал – Етифак (С.Арабија), Динамо Букурешт (Романија), Ниреѓихаза (Унгарија), Зрињски (БиХ).

Покрај Вардар и во два наврати, Велковски беше дел и од Работнички каде успеа да се промовира во еден од најдобрите фудбалери во својата генерација.

ПретходноЃорческа поразена во 1.квалификациско коло за УС Опен
СледноИзненадувачки: РК Пелистер се раздели со Мехмедовиќ!(ФОТО)