Вардар – Силекс 4:1, конечно победа за шампионот по тие два порази во низа од Шкендија и Струга ТЛ. Конечно, Вардар победи во еден дерби меч оваа сезона. Победа во меч од 4.коло, заслужено. Едноставно кога треба Вардар против Силекс ги гаси „пожарите“.
„Експлзија“ на Едиз Спахиу, со гол, со две асистенции, но и со погодена пречка на кратовци.
Данев, Маневски, Пиреш и Спахиу беа стрелци за победникот, а за Силекс кој го претрпе првиот пораз сезона, стрелец беше Аѓелески.
Мечот почна со закана на Силекс, ама уште во 3.минута Вардар поведе со 1:0. Спахиу асистираше а Данев убаво се снајде пред гостинскиот гол за водство на шампионот. Силекс врати со шанса на Хасукиќ, а Спахиу во 27.минута ја погоди пречката на кратовци.
Две минути Шеро имаше зицер да израмни, но Талески одлично одбрани, за да во 37.минута по една долга акција, Анѓелески од свртување успеа да ја затресе мрежата на домашните за израмнување.
Во таа 44.минута Шеро прекрасно шутираше, ама Талески со феноменална одбрана го спаси својот гол па така на одмор се замина со тие 1:1.
Во продолжение од средбата битка на средината од теренот, ама Силекс се одлучи да му ја предаде иницијативата на домашниот состав за да преку контри дојде до втор гол. Тоа вардарци го искористија и беа поактивни, но затоа Силекс беше опасен од транзиција.
И тогаш, во таа 63.минута, Вардар повторно со водство. Маневски од 9-10 метри, од идеална позиција, си се намести и ја погоди мрежата за 2:1. за голема радост на домашните.
И тоа не беше се, во 69.минута Пиреш реализира убава шанса за 3:1, кој не се радуваше на голот ако се знае дека токму ова лето направи трансфер од Силекс во Вардар.
Сега ова се убедливи 3:1 за шампионот.
Каква шанса за Силекс во 76.минута, кога Донов имаше зицер, но успеа од десет метри да промаши цел гол. Останаа само воздишки кај кратовци. Неколку моменти подоцна и Велиновски беше во голема шанса, ама и натаму останаа тие 3:1 за Вардар. И пак Силекс, со трета шанса во низа, сега преку Мишов, но втор гол за кратовци нема, па нема.
Но, затоа Спахиу во 89.минута погоди за 4:1, за крај, за убедлив триуф.


















