Комо го договори Кин од Фиорентина за 40 милиони евра

56
фото: Guido Olivares🇮🇹 @Guidolino8 (X)

Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кин постигна договор со Комо, потврдуваат повеќе извори, вклучувајќи ги и „Газета дело Спорт“ и инсајдерот Фабрицио Романо.

Минатата недела, Комо испрати понуда до Фиорентина за да го позајми напаѓачот за 5 милиони евра со задолжителна откупна клаузула од 25 милиони евра. Сепак, „виолетовите“ немаа намера да го пуштат напаѓачот и најдавија дека ќе размислат само за негова продажба, само доколку биде дадена навистина значајна понуда.

Сега Комо, кои го сметаат Кин за своја приоритетна цел, работат на убедување на Фиорентина. Според „Газета дело Спорт“, клубот на Сеск Фабрегас има причина за оптимизам, бидејќи тимовите се блиску до договор за перманентен трансфер за 40 милиони евра ,плус 5 милиони евра бонуси.

ПретходноНа 18 и 19 септември – Суперкуп во Евролигата
СледноПМФЛ: Кога треба Вардар против Силекс ги гаси “пожарите“ (ФОТО)