МИ 2026: Уште едно разочарување, одбојкарките поразени и од Косово

77

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на одбојкарскиот турнир на Медитеранските Игри во Таранто. По стартниот пораз од Турција со максимални 3:0, денеска избраничките на селекторот Гавриловиќ загубија и од Косово, овој пат со 3:1 (30:28, 25:17, 19:25, 25:16).

Со оглед на текот на мечот, се чини клучен беше првиот сет, кој Косово го доби на разлика. Тоа како психолошки да делуваше на нашиот тим, кој во продолжението се врати само за добар трет сет, додека до крајот не успеа да најде сили за целосен пресврт.

Милевска со 20 и Ковачевиќ со 16 поени беа најефикасни во нашиот тим на денешниот меч.

ПретходноЧеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…
СледноАнгели со промена на тренерското место, Мокров на местото на Гацов