ГРК Охрид останува без еден важен играч, Партизан го „краде“!

630
Фото: ГРК Охрид

Постои голема шанса Дарко Ѓукиќ во новата сезона да продолжи во друг клуб. Неофицијалните извори велат дека српското десно крило е пред трансфер во Партизан.

Ѓукиќ после Вардар замина во ГРК Охрид со кого го освои ЕХФ Европскиот Куп, но понудата од Партизан не се добива, овој тим ќе игра во Лигата на шампиони. Па оттука неофицијалните извори добиваат поголема тежина.

„Како што дознаваме од извор близок до клубот, РК Партизан е подготвен да ја активира бомбата и да го ангажира Дарко Ѓукиќ. Доаѓањето на репрезентативниот десен крилен играч е приоритет за клубот и раководството ќе направи сè што е во негова моќ за да го реализира овој трансфер“, се вели во неофицијалните извори.

Партизан е во Скопје, утре ќе го одигра вториот натпревар во Регионлната лига. Раул Гоназлес е гостин на Кирил Лазаров и Алкалоид.

ПретходноЖоао Педро погоди во 32 секунда: Победнички старт на Чаби Алонсо со Челзи!
СледноТабела после 4.коло: Шкендија остана максимална и натаму е на +6 од Вардар, први порази на Силекс и Струга ТЛ