Табела после 4.коло: Шкендија остана максимална и натаму е на +6 од Вардар, први порази на Силекс и Струга ТЛ

156

Со вчерашните две дербија, кои се одиграа во Скопје, на Арената “Тодор Проески“ (Вардар – Силекс 4:1) и на ФФМ Шкендија – Струга ТЛ 2:1), се комплетираше 4.коло од новата сезона во ПМФЛ.

Па така убаво ќе биде да видиме што “кажува“ табелата.

А таму Шкендија остана лидер со “четири од четири“. Со победата над Струга ТЛ од 2:1, тетовци останаа максимални, сега имаат 12 бода. Кога сме кај овој меч да кажеме дека Бесарт Ибраими донесе победа со гол од пенал во 85.минута и ова за него беше прв сезонава, но и вкупно 229 во неговата кариера во ПМФЛ.

Силекс и Струга ТЛ ги забележаа првите порази па така останаа на делба на второто место со 7 бода, колку што има и Тиквеш.

Брегалница, Вардар и Арсими имаат по шест, значи Шкендија ја задржа предноста пред шампионот од 6 бода. Следуваат Шкендија Арачиново со 4 бода, па Скопје со две ремија и 2 бода и на крај Башкими убедливо последен без бодови и без постигнат гол со гол – разлика 0:15.

ТАБЕЛА ПО 4.КОЛО

1.ШКЕНДИЈА 12 (+9)

2.ТИКВЕШ 7 (+8)

3.СИЛЕКС 7 (+6)

4.СТРУГА ТЛ 7 (+3)

5.БРЕГАЛНИЦА 6 (+2)

6.ВАРДАР 6 (+2)

7.АРСИМИ 6 (-5)

8.ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 4 (-4)

9.СКОПЈЕ 2 (-6)

10.БАШКИМИ 0 (-15)

ПретходноГРК Охрид останува без еден важен играч, Партизан го „краде“!
СледноЗа малку ќе заплачеше: Што се случува со Јамал?!(ВИДЕО)