Со вчерашните две дербија, кои се одиграа во Скопје, на Арената “Тодор Проески“ (Вардар – Силекс 4:1) и на ФФМ Шкендија – Струга ТЛ 2:1), се комплетираше 4.коло од новата сезона во ПМФЛ.
Па така убаво ќе биде да видиме што “кажува“ табелата.
А таму Шкендија остана лидер со “четири од четири“. Со победата над Струга ТЛ од 2:1, тетовци останаа максимални, сега имаат 12 бода. Кога сме кај овој меч да кажеме дека Бесарт Ибраими донесе победа со гол од пенал во 85.минута и ова за него беше прв сезонава, но и вкупно 229 во неговата кариера во ПМФЛ.
Силекс и Струга ТЛ ги забележаа првите порази па така останаа на делба на второто место со 7 бода, колку што има и Тиквеш.
Брегалница, Вардар и Арсими имаат по шест, значи Шкендија ја задржа предноста пред шампионот од 6 бода. Следуваат Шкендија Арачиново со 4 бода, па Скопје со две ремија и 2 бода и на крај Башкими убедливо последен без бодови и без постигнат гол со гол – разлика 0:15.
ТАБЕЛА ПО 4.КОЛО
1.ШКЕНДИЈА 12 (+9)
2.ТИКВЕШ 7 (+8)
3.СИЛЕКС 7 (+6)
4.СТРУГА ТЛ 7 (+3)
5.БРЕГАЛНИЦА 6 (+2)
6.ВАРДАР 6 (+2)
7.АРСИМИ 6 (-5)
8.ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 4 (-4)
9.СКОПЈЕ 2 (-6)
10.БАШКИМИ 0 (-15)















