МИ 2026: Уште еден медал за Македонија – Рустемовски обезбеди најмалку бронза!(ВИДЕО)

65

Освоен е уште еден медал на МИ 2026 во Таранто. Попладнево во меч од 1/4 финалето на боксерскиот турнир во категоријата до 60 кг, нашиот боксер Ален Рустемовски успеа да извојува победа против Ариол Зенели (Албанија) и со тоа се најде во полуфиналето.Ова значи дека Рустемовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на овие Медитерански Игри.No description available.

Во текот на целата борба Македонецот имаше предност, беше подобар, а во последната трета рунда, судијата го прекина мечот.

Во полуфиналето Рустемовски за противник ќе го има Шпанецот, Марин Хернандез.

ПретходноПСЖ следи сензационален млад дриблер кој може да игра за три репрезентации!
СледноБерокал: „Имаме квалитет, но тоа треба да го покажеме на теренот“