Промоција: Селмани и Руватубјае за уште посилна Шкендија Арачиново!(ФОТО)

164

И дефинитивно Шкендија Арачиново не се шегува. Дебитантот во ПМФЛ, кој нема така лош старт во елитата во првите четири кола, попладнево промовираше и тоа како познати фудбалски имиња за свои нови играчи.

Првиот е Ремзифак Селмани, кој досега беше дел од Арсими, играше и во Шкендија и Ренова, а има и интернационална кариера, јасно е дека со него нападот на прволигашот од Арачиново и тоа како ќе биде посилен.

Вториот е Абдул Руватубјае, дефанзивец од Руанда, кој пред извесно време беше дел од Шкупи од шампионските дненови на клубот од Чаир.

ПретходноШкендија го потврди “СпортСпорт“: И официјално Цуцули не е веќе спортски директор на “црвено – црните“
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Артим Положани (Шкендија)