Аталанта го престави Елмас на прес-конференција: Не беше тешко да дојдам во Бергамо!

116

Иако веќе ги одигра првите минути за својот нов клуб, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска и официјално беше презентиран пред новинарите и навивачите на клубот на специјална прес-конференција. Елмас зборуваше за доаѓањето во Бергамо и за она што го очекува во новата средина.

„Го познавам менаџерот многу добро, како и директорот, го познавам неговиот фудбал, тој веќе многу напредувал бидејќи игра толку многу напаѓачки, со толку многу посед на топката. Затоа ми беше навистина лесно да дојдам тука и според мене со сето ова искуство што го имам, секако се обидувам да го дадам најдоброто од себе за тимот и менаџерот“, изјави Елмас.

Нашиот репрезентативец во Аталанта ќе помине една сезона на позајмица, со можност да остане во тимот со перманентен договор од следната сезона.

ПретходноМареска веќе почна да го глуми Пеп!(ВИДЕО)
СледноМИ 2026: Вероника обезбеди бронза за Македонија во борење